Борко по суспензијата од МОК: Допрва ќе плачете, криминалци!
Македонскиот oлимписки комитет денес изрече драконска казна за голманот на Вардар и поранешен македонски репрезентативец, Борко Ристовски, кому му забрани да се занимава со секаква дејност поврзана со спортот во следните четири години.
Како што образложуваат од МОК во одлуката, казната Ристовски ја добил поради „клевети и навреди“ кон првиот човек на МОК, Даниел Димевски изнесени во ТВ-гостување минатиот месец.
По одлуката на МОК, Борко кратко се огласи се огласи преку социјалните мрежи.
„Во „северна вукојe*ина се е можно, ама не со мене. Допрва ќе плачете, криминалци“, напиша Борко на Инстаграм.
Тој има право на жалба на одлуката во рок од осум дена.