Бостон без Вокер влегува во новата сезона во НБА лигата

 Екипата на Бостон селтикс ќе влезе во новата сезона во НБА лигата, која почнува на 22 декември, без стандардниот бек Кемба Вокер поради повреда на коленото на левата нога. 

Триесетгодишниот Вокер започна со терапија на лекување на повреденото колено со инекции уште во октомври, но се уште е вон тренажен процес и неговото враќање на паркетот се очекува на почетокот на 2021 година. 

Бостон минатата сезона стигна до финалето на Источната конференција, а Вокер на натпреварите од плејофот во „балнот“ во Орландо имаше просек од 19,6 поени.

Back to top button
Close