Бостон ги победи Клиперси на гости, Браун постигна 50 поени

Бостон ги победи Лос Анџелес клиперс со 146:115 на гостински терен рано утрово во натпревар од НБА-лигата.

Најдобар кошаркар беше бекот на Селтикс, Џејлен Браун, кој постигна 50 поени.

Клиперси ја прекинаа серијата од шест победи. Тие се на 12. место на табелата во Западната конференција (12-22). Бостон го доби својот трет натпревар по ред и е трет во Источната конференција (22-12).

На другите натпревари играни ноќта сабота кон недела постигнати се следниве резултати:

Њујорк – Филаделфија 119:130
Торонто – Атланта 134:117
Чикаго – Шарлот 99:112
Сан Антонио – Портланд 110:115
Далас – Хјустон 110:104
Голден Стејт – Јута 123:114.

Back to top button
Close