Божиќна честитка од Пендаровски: Да ја вратиме самодовербата и оптимизмот

Да си даруваме почит и внимание, да бидеме грижливи и солидарни и да си ја чуваме татковината, се вели во божиќнта честитка од претседателот

Божиќ ни доаѓа на почетокот на новата година и ни дава сила и енергија да продолжиме исправено пред сите животни искушенија, потсетувајќи нѐ на смислата на нашето постоење и храбрејќи нѐ да им додадеме вредност на нашите животи ширејќи љубов и хармонија. Токму за големиот празник исполнети со вера и надеж да ја вратиме самодовербата и оптимизмот и да работиме посветено на остварување на нашите цели, вели претседателот Стево Пендаровски во честитиката упатена до сите граѓани кои го прославуваат христијанскиот празник Христовото раѓање – Божиќ.

Светлината на Божиќ, додава Пендаровски, нека се всели во нашите домови и нека донесе просперитет во нашите семејства, во нашите соседства, во пошироката заедница, во целото општество.

„Да си даруваме почит и внимание, да бидеме грижливи и солидарни и да си ја чуваме татковината“,нагласува Пендаровски посакувајќи празникот да се помине пред сѐ во добро здравје, во радост и во среќа.

Back to top button
Close