Божиќно послание на патријархот на СПЦ: Да се надминат поделбите


Поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфирије, во своето божиќно послание нагласи дека ова е свет на се подлабоки религиозни поделби, дека општеството во Србија е исто така длабоко поделено поради внатрешни политички тензии и ги повика сите да ги надминат поделбите и да разберат дека се неопходни едни на други.

„Внатрешните политички тензии доведоа до длабока поделба на општеството и недоверба меѓу луѓето, а разликите во мислењата се повеќе се претвораат во ирационална омраза“, рече српскиот патријарх.

Тој истакна дека Божик е празник на мирот, а „ангелската божиќна песна е молитва за мир, единство и помирување, заснована на верата во Бога и живеењето според Бога“.

Поглаварот на СПЦ истакна дека денес повеќе од кога било човештвото треба да се врати кон тој извор на мир што не е наметнат со сила, туку откриен во смирението и љубовта.

Back to top button
Close