Божиновска и Меџити стигнаа пред владата со едно возило! Поевтино од такси
За промоција на најновиот концепт за споделување возила – Car Sharing, како дел од заложбите за одржлив урбан транспорт и намалување на загадувањето, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се довезе заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, на прес-конференција пред зградата на владата.
Меџити и Божиновска пристигаа на платото пред Владата со првото електрично возило на Avant2Go Car-Sharing – Македонија, симболично означувајќи го стартот на оваа иновативна услуга за мобилност по потреба.
Новиот модерен систем за целосно електрично споделено возење Avant2Go Car-Sharing е достапен преку мобилна апликација – практично, еколошко и 24/7 достапно.
Градоначалниците на скопските општини обезбедиле паркинг за овие возила, а во моментот во Скопје, на располагање се 100 возила, со можност за уште повисока бројка. Цената за користење на овие возила ќе биде поевтина од такси-услугите. Се наплаќа по километар и по минута. По километар цената е 0,22 денари.
Засега возила има на располагање во Гази Баба, Чаир, Кисела Вода и Аеродорм.