Божиновска и Петровски победници на трката – 23.октомври Денот на македонската револулионерна борба

Теа Божиновска и Димитар Петровски се победници на трката – 23.октомври што се организира по повод големиот празник Денот на македонската револуционерна борба. Двајцата се победници на трката на 10 километри. Божиновска патеката ја истрча за 42:10 минути, а кај жените втора заврши Марија Остојчиќ, а третопласирана е Мерве Атила.

Во машка конкуренција Петровски патеката ја истрча за 33:51 минута, а зад него со пласираа Жан Тосев како втор и Кокан Ајановски како трет.

На трките на 5 километри кај жените победи Софија Илиевска со време 20:53 минути, кај мажите Гилман Јунузи со вереме 16:02 минути.

На трката настапија повеќе од 200 учесници, а трката беше во соработка на Атлетската федерација на Македонија и општина Гази Баба. Ова беше 10-то јубилејно издание на оваа трка.

Back to top button
Close