Божиновска: Најдобро е „Чебрен“ и „Галиште“ да бидат домашна инвестиција, но се работи за голема инвестиција и мора да се видат можностите на буџетот
Во наредните еден-два месеца ќе се знае како ќе се реализира проектот за „Чебрен“ и „Галиште“ – дали ќе биде целосно државна инвестиција или ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство. Министерката за енергетика Сања Божиновска се согласува со тоа дека најдобро е да биде домашна инвестиција, но вели се работи за голема инвестиција и треба реално да се видат финансиските можности во буџетот.

– Се согласувам дека најдобро е проектот да биде наш, но кога ќе ги погледнеме буџетот и капиталните инвестиции, ќе видиме што е реално. Станува збор за над милијарда евра во пет години – тоа не е малку. Паралелно, има здравство, транспорт и други приоритети. Мислам дека во наредните еден-два месеца ќе имаме повеќе информации – изјави денеска Божиновска по прес-конференцијата, на која говореше за годишниот план за изградба на енергетски проекти за годинава.
Од Министерството за енергетика тврдат дека има заинтересирани инвеститори за овој проект





