Божиновска: Утре пак ќе се јавиме кај ОКТА, одлуката за намалување на ДДВ за горивата е поголема мерка

Министерката за енергетика и рударство, Сања Божиновска очекува дека РКЕ ќе ги прифати новите цени на горивата, по владината одлука за намалување на ДДВ-то за дериватите.
Божиновска вели дека на 13 март разговарала со нафтената компанија ОКТА кои излегле во пресрет кога дале попуст од 2 денари за финалната цена. Тоа се ефектирало во цената на трговците после неколку дена.
Според неа, ДПИ направиле над 300 инспекции и сега министерката се надева дека од ОКТА пак ќе излезат во пресрет за да се задржи нивото на цената. „Ќе се јавиме утре пак и ќе видиме за што понаттаму да се направи со цел граѓаните да немаат некои ценовни шокови, рече Божиновска во вестите на Тв Сител во „Тема на денот“.
За новата пресметка на РКЕ која го смени членот само еднаш неделно да крои одлука, министерката вели дека ќе види како ќе се движат цените и ги следат цените на светските берзи.
Околу евентуално намалување на акцизата за горивата, Божиновска вели дека како држава може да делуваат со намалување за еден, два или четири денари.
-Со нашата одлука за намалување на ДДВ на горивата, се одлучивме за поголема мерка и секако имаме план. Разговараме и со Брисел и гледаме секоја земја како ќе носи одлуки, истакна Божиновска.
За критиките на опозицијата по денешната владина одлука, министерката укажува дека се работи за сериозна работа и ако има конструктивни предлози ќе ги прифатат. Не се сложува дека граѓаните нема да видат ефекти, како што велат од СДСМ.
„Имајќи превид дека веќе разговаравме со ОКТА и таму одобрија попуст по 2 денари по литар, а очекувам дека во текот на утрешниот ден министерката за енергетика, минерални суровини и рударство ќе разговара со директорот на ОКТА да се зголеми овој попуст, односно рабат коишто тие го даваат на трговците коишто се нивни корисници, тогаш очекувам да во суштина имаме и пониска цена од оваа максималната којашто ја определува РКЕ којашто би била за до 3 денари пониска во делот на бензините 95 и 98 октани, а за дизел горивото отприлика да немаме зголемување на цената којашто и досега беше 92 денари“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција по владината седница.






