Божиновски, ген сек на владата на Груевски иде на суд за „Титаник“ ама ескивира да сведочи за „Талир 2“
Поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски доаѓа во суд на рочиште за предметот „Титаник“, но по втор пар не дојде да сведочи за „Талир 2“, каде остана да биде обвинет само поранешниот премиер Никола Груевски. Денешното рочиште се одложи бидејќи Божиновски наводно ја сменил адресата, па поканите што ги праќал судот не му стигале.
– Го честитам денот на правосудството и ваквиот ден ни наложува да не дозволиме да не застанат постапките. Божиновски втор пат не се појавува и барам да се направат напори да се обезбеди да сведочи бидејќи на 27 април ни истекуваат 90-те дена ќе треба пак да почне судењето од почеток – рече Ристоска.
Повеќе ТУКА






