БПЦ влегува во канонско единство со МПЦ-ОА: „Прашањето за името допрва ќе се разгледува“


Светиот синод на Бугарската православна црква денеска донесе одлука во врска со канонскиот статус и влегувањето во канонска и евхаристиска заедница со Православната црква во Северна Македонија, соопшти Бугарската патријаршија.

– Денеска на својата целосна седница, Светиот синод ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеј и српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на Православната црква на Северна Македонија и по гласањето одлучи: Бугарска православна црква – Бугарска патријаршија со духовна радост ги поздравува одлуките за укинување на расколот и влегување во канонско и евхаристиско единство со Православната црква на Северна Македонија. Прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија допрва ќе се разгледува, се наваедува во одлуката на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија.

Back to top button
Close