Бранот убиства во САД не покажува знаци за намалување

 Најмалку пет лица се убиени во Вест Џеферсон, Охајо при што три жртви и неколку други тела се пронајдени во една куќа, но нивниот точен број се уште не е познат.

Полицијата ја пребарува областа, бара осомничени и докази и ги идентификува жртвите.

Пред само една недела имаше крвава престрелка во Провиденс, Род Ајленд кога најмалку девет лица беа ранети.

Едногодишниот бран убиства со оружје ширум САД не покажува знаци на олеснување со завршувањето на блокадите поради Ковид-19, со скок на престрелки за време на викендот, што остави десетици загинати или повредени.

Убиствата, главно со огнено оружје, се над 30 проценти повеќе минатата година во однос на 2019 година, а во моментов се проценуваат 20-25 проценти повеќе од лани.

Експертите велат дека нема едно објаснување за таа појава што ги зафаќа скоро сите поголеми градови и дека не може да се очекува дека нагло ќе падне.

Локалните медиуми објавија за 12 загинати и најмалку 43 ранети само во Чикаго, додека во Њујорк има околу 30 лица застрелани и еден мртов, каде глави актери се криминални банди, расправии по барови и забави, а меѓу жртвите има и случајни минувачи.

Експертите во САД нагласуваат дека државата е на пат – ланскиот број од 20.000 убиства да биде надминат оваа година, највисока цифра од 1995 година. Според Вашингтон пост само лани во САД биле продадени околу 23 милиони парчиња пиштоли.

– Нема едноставно објаснување … Тоа е само комплексност од запаливи ситуации со пандемијата, со губење на полицискиот легитимитет, смета Џеф Ашер, криминолог и коосновач на Даталитикс.

– И тогаш сите економски стресори, во комбинација со забрзувачот на историски високи нивоа на поседување огнено оружје насекаде. Во суштина, сите се под стрес, сите имаат пиштол и легитимитетот на полицијата опадна, вели Ашер. Сето тоа придонесува за најлошите девет месеци по бројот на убиства во поновата американска историја.

Back to top button
Close