Брат и сестра станале херои во Авганистан, Талибанците им ги убиле родителите, тие се осветиле

Авганистанска тинејџерка и нејзиниот помал брат се прогласени за херои на социјалните мрежи, откако наводно се судриле со талибанските екстремисти.

Екстремистите им ги убиле родителите минатата недела во централниот дел на земјата.

По нападот и вниманието што го привлекле на социјалните мрежи, децата денеска се однесени во главниот град Кабул, за да се сретнат со авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Ариф Абер, портпарол на гувернерот на провинцијата Гор, каде се случи инцидентот, рече дека 16-годишната Камар Гул и нејзиниот помлад брат, 12-годишниот Хабибулах, се модерни шампиони во борбата против Талибанците.

Десетици талибански борци, наводно, упаднале во селото Геривех во областа Тајвари, каде што Гул и нејзиниот брат живееле со нивните родители.

За време на упадот, тројца бунтовници влегле во семејниот дом, ги грабнале и однеле родителите.

– Талибанците ги убија татко ми и мајка ми пред моите очи, изјави Гул.

Заедно со брат и ја земале пушката на татко им и пукале кон Талибанците.

– Двајца убивме, а еден е повреден, рече Гул.

Забихулах Муџахид, портпарол на Талибанците, го негираше тоа, велејќи дека тие нападнале контролен пункт што припаѓал на провладините милиции во Тајвари минатата недела и дека двајца нивни борци биле повредени во напади со локалните сили, но дека ниту еден не е убиен.

Back to top button
Close