Братот на Гвардиола откри каков сон има тој во својата професија

– Фудбалскиот агент Пере Гвардиола зборуваше за иднината на неговиот постар брат Пеп Гвардиола.

Тренерот во моментов е задолжен за англискиот Манчестер Сити, но по некое време сонува да работи на друго место.

Поранешниот тренер на Барселона и Баерн Минхен сака да стане селектор.

– Пеп сонува еден ден да води репрезентација. Ќе видиме што ќе се случи. Треба да го процениме моментот кога тој ќе го добие конкретниот предлог. Во оваа фаза е рано да се зборува за тоа, рече помладиот брат Гвардиола.

Back to top button
Close