Братот на ракометарот Тот: Денис почина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачка и останати глупости

Бидејќи во текот на денов дел од хрватските но и македонските медиуми шпекулираа со причините за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот кој играше за скопскиот РК Бутел, се огласи неговиот брат Борис Тот преку Фејсбук.

-Им благодарам на господата новинари на „професионално“ извршената работа. Може само да ви биде срам поради пласирањето на дезинформации во јавноста и ширењето на лаги заради собирање на кликови. Денис почина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачка и останати глупости кои во текот на целиот ден се пишуваа… Срамота е на туѓата несреќа да градите публицитет“, напиша Борис Тот.

Последен во низата обиди да се фрли ново светло или пак сенка врз целиот трагичен настан, беше оној на порталот „Вистиномер“ кој тврди дека ракометарот Тот пред да биде пронајден од Итната помош како со слаби знаци на живот лежи пред дискотетата „Привилиџ“ во Парк, бил нападнат од момче и девојка кои, откако ракометарот паднал во бессознаие, се обиделе да го реанимираат и потоа побегнале од местото. Според оваа верзија „двете лица, дечкото и девојката кои го нападнале, се уште не се пронајдени од страна на полицијата“.

„Слободен печат“ повикувајќи се на порталот и со доза на резерва на своите читатели ја пренесе оваа вест, со оглед дека овој онлајн медиум врши проверка на фактите и објавите. Претходно „Слободен печат“ ја пренесе изјавата на македонскиот амбасадор во Загреб кој за хрватски „Вечерњи лист“ изјави дека ќе биде спроведена детална истрага за случајот од страна на македонските власти и одговорно тврдеше дека ракометарот немал траги на насилство ниту пак имал наркотици или други супстанци во крвта, според токсиколошките наоди и обдукцијата.

Back to top button
Close