Братот на убиецот погребан, мештаните вознемирени: Неговиот гроб се знае, но каде е на Данка

Далибор Драгијевиќ (40) од Злот, брат на Дејан Драгијевиќ (50), кој е осомничен  за убиство на малата Данка Илиќ (2)вчера беше погребан на локални гробишта.

Далибор во полиција признал дека учествувал во криењето на телото, но не сакал да им открие на инспекторите каде завршило телото на девојчето. Дополнително, навел 20 локации со што се уште отежнува потрагата.

Погребот предизикал револт кај жители на Злот.

„ Далибор е погребан и се знае каде му е гробот, а на Данка? Каде е гробот на Данка? Дејан треба да скапе и во затвор и кога ќе умре, па и за него да не се знае каде му е гробот“ – рекол жител на Злот.

Back to top button
Close