Бразилскиот претседател Лула да Силва пристигна во посета на Кина
Бразилскиот претседател Луиз Игнасио Лула да Силва денеска пристигна во посета на Кина, каде ќе се сретне со кинескиот лидер Си Џинпинг, со кого ќе разговара за зајакнување на дипломатските врски, залагањето за мултилатерализам и кинеските инвестиции во инфраструктурата на Бразил, објавија локалните медиуми.
Меѓу важните теми ќе биде можноста Кина да изгради фабрика за ѓубрива во бразилскиот град Парана, што би придонело за помала зависност на Бразил и неговото земјоделство од увезеното ѓубриво уреа.
Официјалниот дел од посетата на Лула ќе започне в понеделник, кога е закажана средба со кинескиот премиер Ли Чијанг.