Бразилско регулаторно тело: Вакцината на Астра Зенека безбедна за постари лица

– Бразилското здравствено регулаторно тело „Анвиса“ соопшти дека податоците за вакцината против коронавирус, што ја развија компаниите „Астра Зенека“ и Универзитетот во Оксфорд, засега покажуваат дека вакцината е безбедна за постари пациенти.

„Анвиса“ реагираше откако Германија препорача вакцината на „Астра Зенека“ да се дава само на лица помлади од 65 години.

Како што наведе во соопштението, не е можно да се утврди ефикасноста на вакцината „Ковидшилд“ за постари од 65 години, бидејќи, како што наведува, учеството на старите лица во студиите што се спроведени досега не е статистички релевантно. 

Back to top button
Close