Бред Пит победи на суд после 5 години – доби старателство над децата
Бред Пит доби заеднички старателство над своите деца со Анџелина Џоли после долга судска борба.
После месеци сведочење на сведоци и експерти за услуги на деца кои разговарале со нивните деца, судијата Џон Одеркик наводно јасно ги изнел размислувањата за пресудата.
50-годишниот актер се бореше со судскиот систем скоро 5 години да добие еднакви права над 6-те деца кои ги има со поранешната партнерка.
-Ми олесна. Неговата единствена намера е да поминува повеќе време со децата – рекол изворот за еден странски медиум.
Џоли и Пит се родители на шест деца. од кои пет се малолетни: 19-годишниот Медокс, 17-годишниот Пакс, 16-годишната Захара, 14-годишната Шајло и 12-годишните близнаци Вивијен и Нокс.