Брегу: Една година поевтинг роаминг – сообраќајот зголемен за 60 отсто а повиците за 140 отсто
Една година по намалувањето на цените на роамингот на Западен Балкан, прометот на податоците пораснал за 60 отсто, а појдовните повици за над 140 отсто, изјави денеска генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу.
Зборувајќи на состанокот одржан со надлежните министри за информациски и комуникациски технологии од земјите од Балканот, таа додаде дека меѓу земјите (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора Северна Македонија и Србија), цените се намалени и до 99 отсто.
„Тоа е успешна регионална приказна сама по себе. Сега можеме да зборуваме повеќе, да испраќаме повеќе СМС пораки, да сурфаме повеќе, а во јули 2021 година, шесте земји ги очекува целосно укинување на трошоците за роаминг“, рече Брегу.
Според податоците од Балканскиот барометар 2020, околу 35 отсто од граѓаните на Западен Балкан заштеделе пари поради оваа спогодба меѓу 6-те земји, а користењето на интернетот е во пораст и 69 отсто од граѓаните комуницираат преку интернет.
Спогодбата за роамингот беше постигната лани по повеќегодишни преговори меѓу шесте земји што се водеа по иницијатива и под покровителство на РСС, во рамките на спроведувањето на заеднички „Регионален економски простор“.
На денешниот он-лајн состанок учествуваше и минисерот за информатичко опшштество и администрација на РСМ Дамјан Манчевски.