Брегу: На Западен Балкан му се заканува национализам ако нема убедлив пат кон ЕУ

 

„Без убедлив пат кон членство во ЕУ, Западен Балкан лесно би можел да потклекне пред регионалниот национализам“, изјави генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС), Мајлинда Брегу, денеска во Брисел.

Зборувајќи на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Брегу посочи дека ЕУ и Западен Балкан треба поамбициозно да се насочат кон интеграцијата во единствениот европски пазар, што е крајна цел на проектот Заеднички регионален пазар.

„Поамбициозните активности на интеграција на Западен Балкан во политиките на единствениот европски пазар се противтежа на забавувањето на процесот на проширување на Европската унија. Потенцијалите за раст може да се искористат само преку регионалната економска интеграција на регионот“, што е само дел од рана интеграција во европскиот заеднички пазар – заклучи Брегу.

На состанокот, како што соопшти РСС, присуствуваа и потпретседателот на Европската комисија Жозе Борел и комесарот на Европската комисија за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

Back to top button
Close