Брегу: Расте поддршката на граѓаните на Западен Балкан за интеграцијата во ЕУ

Поддршката на граѓаните на државите од Западен Балкан за интеграција во Европската унија годинава е порсната во однос на лани и таа сега изнесува 62 отсто, наместо минатогодишните 59 насто.

Ова денеска во Тирана го изјави генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу, на состанокот на лидерите на Западен Балкан и комесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеи, соопшти РСС.

Таа додаде дека според годинешниот Евробарометар, кој наскоро треба да биде објавен, поддршката на граѓаните и стопанските субјекти за регионалната соработка е уште поголема и таа изнесува 77 отсто кај граѓаните, односно 69 насто меѓу стопанствеиците.

Брегу побара порешително дејствување за да се оствари целта Заеднички регионален пазар (ЗРП), кој беше потврден како цел од Берлинскиот процес пред седум месеци на Самитот во Софија, каде што лидерите на земјите од регионот, меѓу кои и на Северна Македонија, усвоија и Акциски план за спроведување на ЗРП.

„Одалеченоста помеѓу визијата и планот за вистински заеднички регионален пазар во стварноста, бара порешително дејствување. Да останеме вдахновени од регионалната спогодба за намалување на цените на роамингот кој во целост ќе биде реализиран на 1-ви јули, кога Западен Балкан ќе стане регион без роаминг“ – изјави Брегу.

Back to top button
Close