Брегу: Секој трет млад човек на Западен Балкан сака да ја напушти земјата-треба да им дадеме причина да останат

„Младите луѓе заминуваат од регионот и тоа веќе не е ударна вест во медиумите. Еден од тројца млади луѓе на возраст од 18 до 24 години од Западен Балкан ја потврдува подготвеноста да ја напушти татковината“ – изјави генералната секретарка на Советот за регионална соработка(РСС) Мајлинда Брегу, зборувајќи на Форумот на младите од Европската унија и Западен Балкан што се одржа во Италија.

„Треба да ја разбереме нивната порака, а таа е дека изборот на дестинацијата покажува што им недостига во нивното општество, треба да посматраме, слушаме и најважно да дејствуваме и да им дадеме причина на младите да останат“, изјави Брегу.

Таа додаде дека „Европа не се границите, географијата, ниту е ДНК запишано кој е Европјанин. Она во што веруваме и за што се бориме, тоа не чини Европјани“.

На Форумот млади на ЕУ и Западен Балкан се собраа 88 млади луѓе и ментори од сите 27 земји членки на ЕУ и од 6-те држави на Западен Балкан, во организација на Министерството за надворешни работи на Италија, во партнерство со РСС. Заклучоците од Форумот ќе се доставата до „Конференцијата за иднината на Европа“ што ја покрена ЕУ во текот на 2021 и како активност за 2022 година, соопшти денеска РСС.

Back to top button
Close