Брестовац го објави списокот на ракометари повикани за средбите со Финска и Швајцарија

 Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац денес го објави списокот со повикани ракометари за собир за претстојните натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија.

Двете средби се квалификациски за Европското првенство 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

На списокот на Брестовац се најдоа 19 ракометари:
Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Дејан Манасков, Бојан Маџоски, Ненад Костески, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Марко Мишевски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Милорад Кукоски и Дарко Георгиевски.

Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 4 ноември против репрезентацијата на Финска, три дена подоцна е дуелот со Швајцарија.

Back to top button
Close