Брисел го поздравува исходот во Собранието – за идната недела најавува одржување на првата Меѓувладина конференција

Само десетина минути откако 68 пратеници се изјаснија „за“ за заклучоците за францускиот предлог стигнаа пораките од врвот на Европската Унија и Европската комисија.

„Денешното гласање во Собранието на Северна Македонија го поплочува патот за одржување на првата Меѓувладина конференција идната недела. Ова е суштински чекор на земјата и за ЕУ. Нашата иднина е заедничка и ве чекаме со отворени раце“bнапиша на Твитер Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет.

Со слична порака излезе и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Честитки до Северна Македонија за гласањето со кое се овозможуваат условите за брзо отворање на пристапните преговори. Ова беше историска можност и вие ја искористивте“bнапиша Фон дер Лајен.

Еврокомесарот за проширување порача дека веќе во вторник се очекува одржувањето на Меѓувладината конференција.

„Го поздравувам гласањето по неколкудневна дискусија во парламентот со што на владата и се дава чист мандат за почеток на првата Меѓувладина конференција базирана на францускиот предлог. Се радуваме на отворањето на пристапните преговори во вторник кога ќе се сретнеме во Брисел за првата Меѓувладина конференција“ напиша Оливер Вархеји на Твитер.

 

 

Back to top button
Close