Брисел криел дека Фон дер Лајен е во болница: таа објави фотографија од својот дом додека се бореше со тешка пневмонија

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен беше хоспитализирана поради пневмонија, но сега работи од дома, изјави портпаролката на Комисијата Аријана Подеста.

„Можеме да потврдиме дека претседателката беше хоспитализирана поради лекување од пневмонија и сега се врати дома“, изјави Подеста за Политико. Таа нагласи дека Фон дер Лајен во ниту еден момент не била на интензивна нега.

„Таа беше во секојдневен контакт со нејзиниот тим во Комисијата. Сега работи од дома додека продолжува да закрепнува од оваа тешка болест“, рече Подеста.

Бриселски Еуроактив, цитирајќи неименуван портпарол на Комисијата, објави дека Фон дер Лајен поминала околу една недела во болница веднаш по новогодишната ноќ.

Ова, посочуваат од Еуроактив, значи дека таа била во болница во време кога претставници на Комисијата им кажувале на новинарите дека сè уште ја извршува својата должност и овозможува извршување на работата на Комисијата.

Политико оценува дека откривањето на хоспитализацијата на Фон дер Лајен, повеќе од една недела откако беше објавено дека е болна, отвора прашања за недоволната транспарентност кога е во прашање таа.

Портпаролката на Комисијата, Паула Пињо, претходно оваа недела, на прашањето дали Фон дер Лајен била примена во болница, изјави дека нема ажурирани информации.

Во меѓувреме, Фон дер Лејен на Инстаграм објави фотографија од својот дом, на која седи покрај својот лаптоп.

„Доме сладок доме…канцеларија! напиша Фон дер Лајен.

Таа сè уште нема добиено покана за инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари, изјави вчера нејзината портпаролка Пола Пињо.

„Ако добие покана, ќе видиме, но во моментов нема планови (да присуствува на инаугурацијата) – изјави Пињо.

Блумберг претходно објави дека Фон дер Лајен се обидува да договори средба со Трамп пред инаугурацијата, а претставниците на ЕУ и помошниците на Трамп веќе воделе преговори, но се уште не е познато дали посетата може да се организира до 20 јануари.

Странските лидери традиционално не присуствуваат на инаугурацијата на американските претседатели од безбедносни причини, но на церемонијата ги претставуваат највисоките функционери, пренесува Ројтерс.

Поканите, меѓу другите, ги примија и кинескиот претседател Си Џинпинг, поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и италијанската премиерка Џорџа Мелони, пренесе Ројтерс.

Според извештаите, Си нема да присуствува на инаугурацијата на Трамп, но ќе испрати претставник на највисоко ниво. Покана за присуство на инаугурацијата доби и нашиот премиер, Христијан Мицкоски. (Фокус)

Back to top button
Close