Бриши ги снимките, и се обратил полицаец на новинарка, ЗНМ реагира
Оттаму соопштија дека според сведочењето на новинарката Фазиле Халили од ТВ21, таа со својот мобилен телефон снимала дел од протестот каде полицајците влечеле една жена, а во тој момент полицајците и пришле и ѝ рекле дека не смее да снима и побарале да се избрише снимкат
Од здружението потенцираат дека протестите се секогаш настани од јавен интерес и посочуваат дека јавноста има право да знае што се случува за време на протестите, односно дали има повредени, уништување на јавен и приватен имот, но и дали евенутално полицијата ги пречекорила овластувањата и употребила прекумерна сила.
Дополнително, тие посочија дека инцидентот ќе биде пријавен во Секторот за внатрешна контрола на МВР и очекуваат полиција да го расветли случајот, да ги открие одговорните и соодветно да ги казни, за, како што велат, во иднина да не се повтори ваквото неприфатливо однесување на полицијата.