Британец тешко повреден откако паднал од зграда во изградба во Скопје

Британец е тешко повреден откако вчера паднал од зграда во изградба во Скопје.

-Вчера околу 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека од зграда во изградба на ул.„Банско“ во Скопје паднал Д.Б. од Велика Британија, кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close