Британија: Четворица уапсени за палењето на имотот на Кир Стармер
Британските власти уапсија четврто лице поради серијата палежи на автомобил и три имоти поврзани со премиерот Кир Стармер.
48-годишниот маж беше уапсен на лондонскиот аеродром Станстед во понеделникот и е испрашуван под сомнение за заговор за палење со намера да се загрози животот, соопшти Метрополитенската полиција.
Уште тројца мажи се обвинети во врска со пожарите, двајца Украинци и еден романски државјанин со украинско потекло.
Апсењата се однесуваат на истрага за пожар во возило во четврток, 8 мај, пожар на влезот од имот во недела, 11 мај, и пожар во стан во раните утрински часови во понеделник, 12 мај.
Истрагата ја спроведува Службата за борба против тероризмот на Метрополитенската полиција.