Британија: Нашите авиони спречија ескалација на Блискиот Исток

Британија објави дека два нејзини борбени авиони и еден авион танкер вчера учествувале во акции насочени кон спречување на понатамошна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, но не погодиле ниту една цел.

„Со тоа тие „ја покажаа несомнената поддршка на Обединетото кралство за безбедноста на Израел“, објави Министерството за одбрана на X.

Со оглед на природата на нападот, тие не ангажираа цели, туку одиграа важна улога во поширокото одвраќање и спречување на понатамошна ескалација“ се додава во објавата.

Иран во вторникот истрела низа балистички ракети кон Израел како одмазда за израелските напади врз Хезболах, сојузникот на Иран во Либан.

Израел им вети на своите непријатели „болен одговор“. На прашањето дали Британија е подготвена да ја искористи својата војска за да му помогне на Израел, британскиот премиер Кеир Стармер рече дека Израел има право на самоодбрана.

 

Back to top button
Close