Британија планира тестирање на подготвеност за вакцинација од Ковид-19

Британскиот весник „Фајненшл тајмс“ објави дека во Велика Британија ќе се спроведе клиничко испитување при што волонтери намерно ќе бидат заразени со новиот коронавирус, со цел да се тестира подготвеноста на кандидатите за вакцина против вирусот.

Проектот, што е финансиран од британската Влада, треба да почне во јануари во еден од објектите наменети за карантин во Лондон, а досега се пријавиле околу 2.000 волонтери.

Француската компанија Санофи објави дека нема да учествува во тоа тестирање, а тоа го демантираше британската фармацевтска компанија АстраЗенека, чија експериментална вакцина, која ја развиваат во соработка со Универзитетот во Оксфорд, е во фаза на тестирање.

Back to top button
Close