Британија: Повеќе од 900 сексуални злосторници „исчезнале“

– Повеќе од 900 сексуални злосторници „исчезнале“ од полицискиот радар, а за многумина се претпоставува дека го прикриле идентитетот со промена на имињата, без да им пријават на властите, објави Скај њуз.

Регистрираните сексуални злосторници имаат обврска да и пријават на полицијата доколку го сменат името и презимето, што досега го направиле повеќе од 1.300 престапници.

Организацијата Сојуз за безбедност предупредува дека, иако менувањето име за регистрираните сексуални злосторници без известување на власта претставува прекршок, тоа не е доволен поттик тие да направат такво нешто, бидејќи е лесна и вообичаена пракса. Едноставната постапка за поднесување барање за измена на идентитет трае 15 минути онлајн.

Промената на името им прави проблем на приватните лица да ја проверат историјата на некое лице преку интернет.

Back to top button
Close