Британија размислува воведување карантин и за други земји

– Британската Влада внимателно ја следи ситуацијата во Германија и Франција во врска со коронавирусот, посебно во популарните туристички дестинации, изјави денеска заменик министерката за здравство Хелен Вотли, откако за патниците кои се враќаат од Шпанија од саботата е воведен задолжителен 14-дневен карантин.

На прашањето дали Германија и Франција би можеле да се најдат на листата на земји за кои е пропишан карантин, таа истакна дека ситуацијата постојано се разгледува и тоа јавноста го очекува.

– Ако оцениме дека се зголемува стапката на зараза во земјата за која моментно не е потребен карантин, ќе мора да преземеме мерки, бидејќи не можеме да ризикуваме инфекцијата повторно да се прошири во Велика Британија, нагласи Вотли.

Back to top button
Close