Британската полиција со поголеми овластувања

Во Велика Британија од денска стапува во сила уредбата со која полицијата има  овластувања да ги запира и апси лицата на граница со цел да спречи шпионажа и странско мешање.

Уредбата наречена Документ за борба против тероризмот и безбендст на границите, донесена е поради случајот на двојниот шпион Сергеј Скрипал, кој во март 2018 година заедно со неговата ќерка беше пронајден отруен во Солсбери. за труењето беше обвинета Русија, а Москва демантираше каква било вмешаност.

врз основа на уредбата, полицијата ќе може да запира, испитува и да го уапси секое лице кое влегува во Велика Бритнаија, а за кого ќе се посомнева дека е вмешано во непријателски активности.

Британското Министерство за внатрешни работи дека новиот систем подразбира заштитни мерки за истражителите, како и посебна заштита на доверливи материјали и новинарски извори.

Back to top button
Close