Британски лекар и научник: Постои веројатност Ковид-19 да се повтори неколку пати во следните години
Постои веројатност бранот на новиот коронавирус да се повтори и во следните години, изјави британскиот лекар и научник, советник во Владата, Патрик Валанс.
Според него, Ковид-19 веројатно ќе се врати неколку пати во следните години, предизвикувајќи нови бранови на пандемијата.
– Мислам дека е многу веројатно овој вирус да се враќа во различни бранови во текот на неколку години, истакна Валанс пред британските пратеници.