Британски владин експерт: Вакцина против Ковид-19 до крајот на 2020 и 2021 година

 Вакцина против коронавирусот ќе биде достапна во 2020 и 2021 година, изјави водечкиот советник за пандемија на Владата на Велика Британија за Би-Би-Си.

Џереми Фарар, директор на добротворната организација Wellcome Trust, објасни дека е постигнат огромен напредок.

– Во последните седум месеци откако учествував, напредокот е апсолутно извонреден и сега има вакцини од прва генерација. Веројатно има пет или шест – од САД, од Европа, од Кина, од Русија – кои стануваат достапни.

И покрај оптимистичкиот тон, тој повика на внимателност,  нагласувајќи дека првата генерација на вакцини нема да реши се.

Неговите коментари следат по изјавата на шефот на Светската здравствена организација кој рече оваа недела дека можеби нема никогаш да има „сребрен куршум“ за Ковид-19.

Back to top button
Close