Британскиот амбасадор воодушевен од настанот во Штип

Со традиционалното сечење на најголемата штипска пастрмајлија, по две години пауза, вечерва во Штип започна четиринаесеттата штипска Пастрмајлијада. Настанот ќе трае два дена, а цената што ја договорија угостителите и општина Штип е 190 денари за една пастрмајлија. Најголемата пастрмајлија годинава е со димензии два метра на метар и десет. За неа биле употребени 10 кг свинско месо, 15кг тесто и два литри масло. Печена е во едно парче.

Гостин на отворањето беше евроамбасадорот Дејвид Гир кој во изјава за медиумите рече дека многу му се допаднал настанот и особено штипската пастрмајлија.
– Чувствувам големо задоволство што сум тука денес во Штип за Пастрмајлијадата – рече Гир на македонски јазик.

– Ова е прекрасна македонска традиција и мислам дека ние во ЕУ ќе научиме нешто од ова и можеби и ние ќе имаме „Пастрмајлијада“ во Европската Унија – додаде тој.

Ѕвезди на манифестацијата се Тони Цетински и Јелена Розга.

Back to top button
Close