Британскиот крал Чарлс III итно хоспитализиран, откажани сите активности

Британскиот крал Чарлс Трети (72) повторно е примен во болница на лекување од рак, поради што ги откажа за утре серијата активности во Бирмингем.

Кралот Чарлс вечерва беше пуштен од болница и се врати во својата резиденција Кларенс Хаус.

Според извори блиски до кралското семејство, престојот во болница бил „краток“ и поврзан со неговата редовна програма за лекување, а палатата инсистира дека „немало драма“.

– Неговото Височество веќе една година се лекува од непознат облик на рак и неговата состојба е стабилна – изјавил извор од палатата.

 

Кралот Чарлс III продолжи со јавните активности и покрај неговата борба со болеста, но по совет на лекарите беше одлучено да се даде приоритет на неговото закрепнување.

„Откажувањето на активностите е превентивна мерка за да се заштити здравјето на кралот и да се овозможи непречено закрепнување“, додаде изворот.

Кралот Чарлс III на почетокот на минатата година објави дека му е дијагностициран рак.

Back to top button
Close