Британските конзервативци својот годишен конгрес ќе го оддржат во виртуелна форма

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон денеска им се приклучи на другите партии во земјата со одлуката годишниот партиски конгрес да го оддржат виртуелно, поради пандемијата на коронавирусот.

По лабурустите и либералните демократи, денеска и конзервативците одлучија конгресот во октомври да им биде организиран во виртуелна форма.

Копретседателите на владеачката партија, Аманда Милинг и Бен Елиот, испратија писмо до членовите на партијата во кое изразија надеж дека барем некои од настаните на конгресот, закажан во Бирмингем, сепак, ќе се одржат со физичко присуство, доколку тоа го дозволат санитарните услови.

Велика Британија е земја со најголем број смртни случаи од коронавирусот во Европа. Во земјата, каде што умреа повеќе од 44.000 лица, веќе се олеснети карантинските мерки што беа воведени на 20 март, откако во саботата беа отворени пабовите, рестораните, хотелите и кината.

Back to top button
Close