Британските власти потпишале договори со три фармацевтски компании за вакцини за Ковид-19

 Велика Британија потпиша договори за обезбедување 90 милиони дози на две потенцијални вакцини против Ковид-19, произведени од „Фајзер“ и „БиоНТех“, како и француската група Валнева.

Финансиските детали за договорите не се објавени.

– Новото партнерство со некои од водечките светски фармацевтски компании ќе и овозможи на Велика Британија најдобра можност да обезбеди вакцина која ќе ги заштити оние кои се најмногу изложени на ризик од коронавирус, изјави министерот Алок Шарма.

Back to top button
Close