Британско разузнавање: Русија може да ја нападне Украина „без дополнително предупредување“

Русија би можела да ја нападне Украина „без дополнително предупредување“, покажуваат најновите разузнавачки информации на британското Министерство за одбрана.

– Русија задржува значително воено присуство кое може да изврши инвазија без дополнително предупредување, се предупредува во објава на Твитер.

Твитот вклучува мапа на „можната оска на инвазија на претседателот Путин“, која покажа дека Русија е способна да изврши копнено движење во првата фаза кон Киев од две точки долж границата со Белорусија и една точка од границата со Западна Русија.

Мапата дополнително ја покажува можноста за копнени движења во првата фаза од две точки и од Крим кон Мариупол.

На мапата, исто така, се прикажани потенцијални поместувања на копно во втората фаза од Крим кон Миколаив и од Дњепар кон Виницја. Исто така, покажува потенцијални копнени движења од првата фаза од западната руска граница кон правец на Луганск.

Врз основа на тие разузнавачки информации, Путин „се уште може да избере да спречи конфликт и да го зачува мирот“, нагласи британското Министерството.

Back to top button
Close