Брижит Макрон: Моите внуци ја чуле приказната дека сум била маж“

Тифен Озиер, ќерката на Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател, која е цел на дезинформации дека е родена како маж, денеска изрази жалење за „влошувањето на здравјето на нејзината мајка“ на вториот ден од судењето за кибермалтретирање против првата дама на Франција.

Вчера во Париз започна дводневно судење против десетмина обвинети за сексистичко сајбер вознемирување на првата дама. Осум мажи и две жени се судат во Кривичниот суд во Париз.

Сопругата на шефот на државата е принудена да внимава на облеката што ја носи, на држењето на телото, бидејќи знае дека нејзиниот имиџ може постојано да се злоупотребува“, рече нејзината ќерка Тифен, 41-годишна адвокатка, за време на нејзиното сведочење пред Кривичниот суд.

Отсуствувајќи од судењето, Брижит Макрон им кажа на истражителите дека гласината имала „многу силен ефект“ врз нејзината околина и врз неа, додавајќи дека нејзините внуци исто така ја слушнале приказната дека „нивната баба била маж“

Back to top button
Close