Брнабиќ бара да се гласа за доверба на српската влада, опозицијата ќе ја бојкотира седницата

Ана Брнабиќ потврди дека вонредна седница на Парламентот ќе биде закажана за вo среда и дека на неа ќе се расправа за гласање доверба на Владата.

Таа рече дека утре ќе се знае конечниот дневен ред. Според неа, мнозинството ѝ дава поддршка на Владата, но таа ќе дозволи да се одржи дебата за доверба, овозможувајќи ѝ на опозицијата да ги изнесе своите ставови.

Лидерот на опозициската Демократска партија Срѓан Миливојевиќ вели дека тие одговориле на повикот на студентите за генерален штрајк и нема да учествуваат во работата на Собранието. Тој нагласи дека дека генералниот штрајк во моментов е најефикасното средство во борбата против режимот.

„Нема да присуствуваме на фарсата или на имитацијата на парламентаризмот, туку ќе го поддржиме генералниот штрајк и ќе се приклучиме на протестите. Самата седница на Собранието изгуби секаква смисла во моментот кога јуришниците поттикнати од Александар Вучиќ ги газат нашите деца со автомобили, а неговите фаланги ги и тепаат студентите. Не можеме да седиме во иста просторија со луѓе со крвави раце“, рече Миливојевиќ во изјава зa агенцијата Бета.

Back to top button
Close