Брнабиќ: Ќе предоложам задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија

– Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека ќе предложи задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија, без оглед дали во некое место е прогасена или не вонредна состојба.

Таа истакна дека во изминатите четири дена се намалил бројот на новозаболени лица со Ковид-19, додавајќи оти тоа е резултат на носењето заштитни маски во градовите, каде е прогласена вонредна состојба.

Брнабиќ наведе и дека во изминатите 24 часа во Србија хоспитализирани се 159 лица позитивни на новиот коронавирус.

Во Србија досега со Ковид-19 се инфицирале 18.639 лица, од кои 405 починаа, а оздравеле 13.940 луѓе.

Back to top button
Close