Брнабиќ: Не закажав изгласување недоверба на Владата на Србија поради фалсификуван потпис
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека денеска не закажала седница на која би се гласало недоверба на Владата бидејќи опозициската Партија на слобода и правдата (ССП) наводно фалсификувала потпис на нивна пратеничка.
Брнабиќ на прес-конференција ја обвини СПП дека фалсификуван потпис ставила на предлогот за гласање на недоверба на Владата на премиерот Милош Вучевиќ. Таа додаде дека поради тоа одлучила да го врати предлогот на овластениот предлагач и опозициски пратеник Мирослав Алексиќ.
СПП сè уште не ги коментираше обвинувањата од Брнабиќ.
Според локалните медиуми, две пратенички на СПП денеска изјавија дека го напуштаат пратеничкиот клуб на партијата.
Предлогот за гласање на недоверба на српската Влада го потпишаа 71 опозициски пратеници откако загинаа 15 луѓе при уривањето на бетонската натстрешница на Железничката станица во Нови Сад. Како причина за отповикување на Владата се наведуваат „пропусти во вршењето на надлежноста и преземањето мерки, како и неизвршување на должноста за утврдување одговорност на надлежни лица“.
За изгласување на недоверба на Владата потребно е мнозинство од вкупниот број на пратеници кои имаат 250.
Во Нови Сад и Белград се одржаа неколку протести на активисти, опозицијата и дел од граѓаните кои бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад на 1 ноември.