Брнабиќ: Србија повеќе не е земја со ефтина работна сила


Денеска веќе не се говори дека Србија е земја со ефтина работна сила и на оние што влечат кабли. Србија е денес земја со која сакаат да соработуваат, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на затворањето на 28-от деловен форум„ Копаоник “, јави дописникот на МИА од Белград.

Србија според Брнабиќ има минимален пад на БДП во Европа и ќе ги надмине предвидените шест отсто економски раст.

-Растот е воден од растот на градежната индустрија, изградбата на патишта, дигитализацијата, потсети Брнабиќ.

Во моментов, како што изјави, се градат 330 километри патишта.

-Инвестирани се четири милијарди евра во инфраструктурата која сега е во фаза на изградба, нагласи Брнабиќ.

Таа кажа дека оваа година од основните училишта ќе излезе првата генерација матуранти кои имаа програмирање како основен предмет.

-Од 1 септември во основните училишта ќе се воведе настава по вештачка интелигенција. И училишниот систем ќе биде целосно опремен за да овозможи иновации, кажа Брнабиќ.

Back to top button
Close