Брнабиќ: Во понеделник ќе се формира работна група за подобрување на изборниот процес

На средбата на претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, со претставници на пратенички групи, политички партии на националните малцинства и граѓански организации, беше постигнат договор за формирање работна група за подобрување на изборниот процес, односно исполнувањето на препораките на ОДИХР, јави Бета.

Како што соопштија од кабинетот на Брнабиќ, на барање на пратениците од опозицијата, со таа работна група ќе претседаваат претставници на граѓанскиот сектор, а нејзиното формирање е договорено за понеделник, 29 април.

„Во однос на работната група за увид, ревизија и контрола на избирачкиот список, не е постигнат договор за формирање. Пратениците на владејачкото мнозинство предложија, заради ефикасност, да се формира работно тело, кое би можело веднаш да почне со работа. На барање на народните пратеници од редовите на опозицијата и претставници на граѓански организации тој предлог не беше прифатен“, се наведува во соопштението.

Back to top button
Close