Брнс: Две работи се посебно загрижувачки во Северна Македонија

Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнс, во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, нагласи два сегмента во државата коишто бараат посебно внимание и ангажман од власта.

-Има некои области во Северна Македонија коишто нѐ загрижуваат и причината поради која сме особено гласни за тие работи е дека сакаме да помогнеме и да бидеме поддршка. Две од нив се најважни. Под број еден е корупцијата. Тоа не е проблем којшто го има само во Северна Македонија…, но треба да биде приоритет, бидејќи демократските институции сѐ уште се во развој и нивно постојано поткопување со корупција е закана за идната безбедност, стабилност и просперитет на државата.

Втората работа, којашто заслужува внимание, е состојбата со младите. Нѐ загрижува фактот што младите се разочарани од можностите тука. Разочарани се кога не гледаат дека владата работи за граѓаните. Младите треба да бидат охрабрени да ја видат својата иднина тука, a борбата против корупцијата е моќен начин да се излезе во пресрет на нивната загриженост“, рече амбасадорката Брнс.

Back to top button
Close