Брнз: Стратешкиот дијалог со САД не е замена за членството во ЕУ

Стратешкиот дијалог кој земјава на 2 јуни го почнува со Соединетите Американски Држави не е замена за членството во Европската унија, кажаа денеска американската амбасадорка во во земјава Кејт Брнз и премиерот Димитар Ковачевски.

-Стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија е нешто што почна пред многу години. Со дијалогот на една маса ќе седнат претставници на двете влади и ќе се дефинира и разговара за областите на соработка. Северна Македонија ја обработи својата задача за членство во ЕУ и сметаме дека треба што поскоро да биде земја членка. Стратешкот дијалог не претставува замена за членството во ЕУ, туку за унапредување на односите. Дијалогот со Северна Македонија секако ќе го имавме бидејќи односите и соработката ни се многу важни, рече амбасадорката Брнз.

Стратешкиот дијалог почнува јуни во повеќе сфери – надворешната политика, економија, инвестиции, образование, одбрана, а следната недела ќе биде дефиниран тимот на министри и експерти, кои ќе престојуваат во Вашингтон и ќе имаат таму состаноци на соодветното ниво. Најавеното стратешко партнерство со САД, потенцира Ковачевски, не е замена за членството во ЕУ.

-Европската Унија конечно да се одважи и да го исполни своето ветување, својот дел од обврската и час поскоро да биде одреден датум за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, со што ќе се означи и почеток на преговорите, рече Ковачевски.

Ковачевски истакна дека е на иста линија со шефот на дипломатијата, нагласувајќи дека повеќе пати досега истакнал оти земјава веќе 17 години е кандидат за членство и досега 45 отсто од нејзиното законодавство е хармонизирано со законодавството на ЕУ.

 

 

Back to top button
Close