Бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 слична на вчерашната

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека наскоро ќе биде објавена статистиката за новодијагностицираните лица од Ковид-19 во изминатото деноноќие, посочувајќи дека бројката е слична на вчерашната.

Тој најави дека наскоро на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби ќе биде поставен централен довод за медицински гасови.

– Сега во овој момент ја разгледуваме најбрзата можност да се донесе систем за медицински гасови. Досега таму на располагање се боците за кислород и веднаш откога ќе го најдеме начинот ќе обезбедиме еден период од четири до пет дена, на којшто ни укажаа техничките служби, дека е временски период потребен за сето ова како инсталација да се постави во болницата за да има и таков довод на медицински гасови, образложи министерот за здравство.

Тој одговарајќи на новинарско прашање околу функционалноста на модуларната болница, поставена до Инфективната клиника, рече дека таму во овој момент нема пацинети, но оти тој капацитет е на располагање во кој било момент.

– Во модуларната болница во овој момент нема пациенти. Се исполнуваат сите капацитети најпрво на Клиниката, а понатаму и во тој дел практично секојдневно се анализира и се прави прераспределба на пациентите согласно бројката на хоспитализирани во овој изминат период. Изминатите денови имаше одреден број пациенти којшто се испишаа од Клиниката и на тој начин се ослободија дополнителен број болнички кревети, но овој дел е целосно на располагаѓе во било кој момент, истакна Филипче.

Во однос на лицата кои беа во државен карантин и се позитивни на Ковид -19, министерот рече дека согласно нивната здравствена состојба ќе се лекуваат во домашни услови.

– Околу 20 луѓе се позитивни коишто беа во карантините и согласно нивната здравствена состојба, а по прегледот од лекарите, е утврдено дека тие може да се лекуваат во домашни услови, секако во консултација со нивните матични лекари, рече Филипче.

Back to top button
Close